Search

Твинго Куп извештај за трка Серес Грција и прогласување победник на сезона 2022

Третата сезона на единствениот тркачки куп во Македонија, Twingo Cup што се одржува во организација на АКК Рено Спорт Скопје и со огромна помош на Аутомотив Груп заврши со двоен триумф на Марко Блажевски кој успеа да ја освои титулата за 2022 година. На патеката Серес во Грција се одржаа последните две трки од вкупно деветте колку што имаше сезонава. Тоа беше директен дуел на Марко Блажевски и Давид Малинковски кои решаваа дали Twingo Cup ќе добие нов шампион или трофејот ќе остане во сопственост на Давид Малинковски.

Блажевски е трет шампион во Twingo Cup откако тоа му успеа на Мартин Делев во 2019 и на Давид Малинковски лани. Во сезоната 2020 немаше трки поради ковид пандемијата. Марко Блажевски кој се вклучи лани во втората половина од сезоната во Twingo Cup сезонава победи напет од вкупно деветте трки што се возеа. Имаше „двојни триумфи“ на патеките во Австрија и сега во Грција.

Давид Малинковски е севкупен победник по трите сезони во Twingo Cup со најмногу освоени бодови од трките, и тој како награда ќе добие електричен автомобил Renault Twizzy, што е главната награда за најдобриот на македонското првенство во Twingo Cup.

Пред двете решавачки трки на Серес лидер во генерален пласман беше Давид Малинковски, кој имаше предност од десет бодови. Затоа нивниот дуел се очекуваше да реши кој ќе биде новиот првак. Марко Блажевски мораше да ја победи првата трка за да остане во игра.

Блажевски уште во квалификациите покажа дека е максимално фокусиран и има „победнички автомобил“. Имаше за речиси една секунда подобро време од Владимир Тренески и Давид Малинковски. Тоа беше најава за одлична трка.

Крајот на седмиот круг од првата трка на Серес беше решавачки кога на влезот во стартно целната рамнина Блажевски и Малинковски влегоа израмнети, но актуелниот првак излета малку од патеката со што му озвозможи на Блажевски да отиде напред. Од дуелот на Блажевски и Малинковски најмногу профитираше Зоран Мираковски кој на целта стигна како второпласиран што е негово шестоискачување сезонава на подиумот.

На пиедесталот се искачи и Владимир Трнески кој беше „возач на денот“ бидејќи иако имаше мало излетување во воведните кругови и падна на самото дно од колоната до крајот на 16-те кругови колку што се возеа стигна до третото место. Во последнитекругови успеа да го престигне и Малинковски со што актуелниот првак падна на четвртото место на крајот. На првата трка на петтот место се пласираше Србинот Никола Јанчиќ, а потоа следуваа Англече Стојковски, Слободан Трајковски и Мурис Хамзиќ. Бодови освоија и Борис Стојменов и Ненанд Костовски

Втората трка беше „трка на се или ништо“. Подобриот од дуелот Блажевски – Малинковски ќе биде новиот шампион. Трката стартуваше според редоследот од првата трка, па така Блажевски тргна од првиот ред, а Малинковски од вториот.

Од петтиот круг Блажевски и Малинковски почна директниот дуел на патеката. Блажевски стратуваше од пол позицијата, а Малинковски тргна како четвртопласиран, Во четвртиоткруг Тренески кој дотогаш беше второпласиран направи грешка по што Малинковски се искачи на второто место.

Од осмиот круг Малинковски покажа дека ќе се бори до последен круг, кога првпат успеа да го престигне Блажевски. Нивната игра на престигнување траеше во следните неколкуи кругови кога Малинковски направи мала грешка со која му овозможи на Блажевски пак да биде лидер.

До крајот на трката немаше веќе изненадувања, па Блажевски се израдува на својата прва титула.

AKK Рено Спорт Скопје како организатор на Twingo Cup упатува голема благодарност Агенција за Млади и Спорт и Автомобилистичката Федерација на Република Северна Македонија како и до сите спонзори кои го поддржаа одржувањето на трките: Шпаркасе Лизинг, Триглав, ПСС, Аутомотив Груп.

Генерален пласман на Twingo Cup за 2022

Марко Блажевски 135
Давид Малинковски 130
Зоран Мираковски 100
Ангелче Стојковски 85
Владимир Тренески 83
Слободан Трајковски 52
Борис Стојменов 34
Мурис Хамзиќ 30
Ненад Костовски 24
Бојан Петрушевски 10

 

Треба да знаете
Последни објави