Search

Тајфун ги погоди Филипините, затворени училишта и 200.000 евакуирани

Тајфунот Камури, пропратен од обилни врнежи на дожд и силен ветер, ги погоди денеска Филипините, поради што прекинати се авионските летови, затворени се училиштата и владините канцеларии, а 200.000 луѓе се евакуирани поради закана од поплавување и лизгање на земјиштето.

Камури е 20. тајфун што ги погоди Филипините годинава.

Тајфунот, проследен со ветер од 155 километри на час, кој незначително ослабе, ги погоди централните делови на земјата, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема извештаи за повредени или големи штети.

Главниот аеродром во главниот град Манила денеска ќе биде затворен 12 часа, од 11 до 23 часот по локално време.

Агенцијата АП наведува дека некои домови биле оштетени и дека во некои делови дошло до прекин на струјата.

Треба да знаете
Последни објави