Search

Тајфунот Линглинг усмрти три лица и предизвика големи штети во Јужна Кореја

Тајфунот Линглинг усмрти три лица и предизвика хаос во Јужна Кореја. Нема струја, насекаде има уништени згради, а одложени се и голем број летови.

Според последните информации, без струја останале околу 161.000 домаќинства. Ударот на тајфунот се чувствува во цела Јужна Кореја, а најмногу во западните делови на земјата. Се стравува дека тајфунот ќе предизвика големи штети во изолираната соседна Северна Кореја.

Една жена загинала откако била зафатена од силен ветер, југозападно од Сеул, јави новинската агенција „Јонхап“. Еден маж загинал кога на него паднал дел од ѕид во крајбрежниот град Инчеон, а друг маж загинал под делови од урнат покрив. Според информациите, има и десетици повредени.

Во Сеул силниот ветер корнел дрвја и ги дигал во воздух, па властите ги повикале жителите да не ги напуштаат затворените простории. Поради невремето биле откажани 300 летови. Линг линг е 13 тајфун што го погодил Корејскиот полуостров оваа година. Засега нема податоци за штети во Северна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави