Search

Тајфунот Вонгфонг од домовите на островот Самар избрка 140.000 Филипинци

Десетици илјади Филипинци денеска се упатија кон центрите за евакуација, обидувајќи се да ги следат протоколите за држење дистанца, откако силниот тајфун Вонгфонг вчера мина низ земјата.

Тајфунот Вонгфонг вчера беше проследен од поројни дождови и силни ветрови, што креваа покриви кога во одрден момент стигна до брегот на централниот остров Самар. На неговиот пат на брегот или во  слабо заштитените домови се наоѓаа стотици илјади ранливи категории на луѓе.

Бурата врз островот удри во момент кога десетици милиони Филипинци се останати во своите домови заради коронавирусот, а вчера најмалку 141.000 избегаа од нив заради силното невреме, соопштија претставниците на локалните власти.

-Треба да носиме маски и во секое време да правиме дистанца од другите луѓе, изјави локалниот полициски началник Карлито Абриз за француските медиуми. „Тоа е тешко да се применува затоа што евакуираните се под стрес. Но, ние правиме се што е можно”, додаде тој.

Властите соопштија дека ќе ги искористат расположливите капацитети за засолништа, на луѓето кои немаат ќе им дадат маски и ќе се обидат семејствата да ги зачуваат заедно. Истовремено, многу простори што досега вообичаено се користеа како засолништа при невремиња, во меѓувреме се пренаменети во карантини за луѓето, за кои има сомненија дека се заразени со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави