Search

Тајсон се врати после 15 години, боксерскиот спектакл без победик

Мајк Тајсон и Рој Џонс синоќа во Лос Анџелес одиграа егзибициски натпревар кој долго се чекаш, а на крајот натпреварот заврши нерешено.

Ова беше прв натпревар за Тајсон после 15 години и поради тој факт, но и фактот што на другата страна имаше уште една легенда го привлече вниманието на спортската јавност.

Дуелот помеѓу двете боксерски легенди не разочара. Тајсон од самиот почеток тргна напред, добро го погодуваше Џонс и беше активен од рунда во рунда.

Мајк изгледаше феноменално, Џонс излгедаше уморно, често го држеше Тајсон кој во свој препознатлив стил во сите осум рунди одеше напред и погодуваше.

На крајот, после осум добри рунди натпреварот заврши со нерешен резултат, како и што се очекуваше во овој егзибициски натпревар, иако според она во рингот Мајк беше могу подобар борец.

https://twitter.com/philthemmadude/status/1332916744105541632

Преземено од Спортски

Треба да знаете
Последни објави