Search

Тајсон: Постар маж ме силуваше кога бев дете

Легендарниот боксер Мајк Тајсон раскажува дека бил силуван додека бил момче. Најмладиот првак во тешка категорија многу придонесе во боксот како спорт, но неговиот пат кон врвот бил многу тежок.
Тајсон во рингот беше страв и трепет, а траумата што ја поминал како мал формирала дел од неговиот карактер.
Кога Мајк Тајсон признал дека како адолесцент бил силуван, новинарот кој го интервјуирал бил во шок. „Бев момче. Тој беше постар човек. Ме тепаше и сексуално ме злоупотребуваше. Никогаш потоа не го видов. Научив дека тоа не значи дека сум помалку маж“, рече Мајк.
Тој не сакал да зборува на оваа тема.
„Никогаш не кажав никому. Не ми беше непријатно, туку тоа е нешто што се случи. Немаше некое големо влијание на мојот живот. Го пребродив за време на боксерските денови“, додаде тој…

Преземено од reporter.mk

Треба да знаете
Последни објави