Search

Тајмс: Си Џинпинг најверојатно нема да дојде на климатската конференција во Шкотска

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја игнорира клучната климатска конференција што наскоро ќе се одржи во Шкотска, пренесено му е на британскиот премиер Борис Џoнсон, објави денеска Тајмс.
Велика Британија, која е домаќин на 26-тата конференција на ОН за климата КОП26 во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, бара поддршка од големите сили за поамбициозен и радикален план за борба против климатските промени.
“Сега е сосема јасно дека Си нема да се појави и на премиерот му е кажано тоа. Она што не го знаеме е каков став ќе заземе Кина”, рекол за весникот неименуван британски извор.

Според Тајмс, британските организатори стравуваат дека одлуката на кинескиот претседател да отсуствуваод светскиот собир може да биде вовед во одбивањето на Кина да постави нови климатски цели поради сериозен недостиг на енергија.

Дванаесетдневната конференција се смета за најважниот настан за прашањето за климатските промени од Самитот за клима во Париз во 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави