Search

Тајландскиот крал избега од коронавирусот на Алпите, и си направи харем

Тајландскиот контроверзен крал Маха Ваџиралонгкорн (67) ужива во самоизолација во луксузен хотел сместен на Алпите.

Кралот го резервирал целиот хотел со 4 вездички откако објектот добил посебно одобрение од градскиот совет дека во него може да се престојува и покрај пандемијата на коронавирусот.

Наместо да се придржува кон мерките, Маха направил приватна забава со дваесет жени во хотелот. Странските медиуми пишуваат дека станува збор за слуги, но и љубовници. Не е познато дали неговата сопруга била во хотелот за време на забавата.

Градскиот совет соопшти дека ги затвориле сите хотели поради ковид-19, но погоренаведеното сместување е исклучок бидејќи луѓето во него се дел од хомогена група.

Бројни активисти го нападнале Ваџиралонгкорн на социјалните медиуми и напишале дека тој бил на службено патување во Германија на почетокот на третиот месец. Инаку, десетици илјади граѓани ги ризикуваа своите животи, имајќи предвид дека би можеле да добијат затворска казна до 15 години ако се навреди монархијата.

Кралот не е омилен меѓу својот народ. Тој ја наследи титулата пред четири години по смртта на неговиот татко, Бумибол, кој владееше 70 години. Маха денес се смета за најбогат монарх во светот.

Треба да знаете
Последни објави