Search

Тајландскиот заменик министер за земјоделство негира дека бил во затвор за дрога

Заменикот-министер за земјоделство на Тајланд, Таманат Промпао изјави денеска дека извештајот на австралискиот „Морнинг хералд” дека таму поминал четири години во затвор за шверц на дрога, бил фабрикуван од неговите политички непријатели. Тој истакна дека нема планови да даде оставка.

Промпао реагираше на написот во австралискиот весник дека бил уапсен во 1993 година и осуден за заговор за увоз на хероин, врз основа на судски записи и интервјуа. Гласини за апсењето на заменикот министер се слушнаа во јули, пред тој да положи заклетва на функцијата во владата на премиерот Прајут Чан-оче.

Промпао тогаш рече дека бил невин кога бил уапсен во во полициска рација, дека бил во затвор осум месеци поради помали обвиненија, а потоа поминал четири години како слободен човек во Австралија.

Треба да знаете
Последни објави