Search

Тајландската принцеза се извини за својата кандидатура за премиер

Тајландската принцеза Уболратана Раџакања Сиривадана Барнавади (67) ѝ се извини на јавноста поради проблемите кои ги предизвикала со тоа што се кандидирала за премиер.

Изборната комисија на Тајланд претходно го избриша нејзиното име од официјалните гласачки ливчиња откако кралот, односно нејзиниот помлад брат, претходно ѝ нареди да ја повлече кандидатурата со образложение дека кралското семејство не треба да се меша во политиката.

„Жал ми е што мојата искрена намера да работам за земјата и за тајландскиот народ предизвика такви проблеми кои не би требало да се случуваат во оваа ера“, напиша принцезата на Инстаграм.

Изборната комисија најави дека ќе поднесе тужба до Управниот суд против партијата Таи ракса која ја кандидираше принцезата за премиерка. Комисијата наведе дека партијата го прекршила изборниот закон.

Треба да знаете
Последни објави