Search

Тајгер Вудс се опоравува од операција по сообраќајната несреќа

Славниот голфер Тајгер Вудс беше подложен на долга хируршка процедура на долниот дел на десната нога и глуждот во болница во Јужна Калифорнија во вторникот , откако претрпе повеќе повреди на ногата во несреќа.

Возилото на Вудс се превртело на патот. Тој бил извлечен од автомобилот од пожарникари, при што му биле констатирани сериозни повреди на ногата.

Официјалниот Твитер на Вудс објави ажурирање во вторникот вечерта, во кое имаше изјава од др. Аниш Махајан, привремен извршен директор во Медицинскиот центар Харбор-УКЛА.

Тимот на Вудс додаде дека голф ѕвездата е „моментално буден, контактибилен и се опоравува во својата болничка соба“.

Треба да знаете
Последни објави