Search

Тајван: СЗО не ги пренесува нашите информации за методите за спречување на коронавирусот

Тајванското министерство за надворешни работи ја обвини Светската здравствена организација дека со државите членки не ги споделува информациите кои Тајван и` ги пружа за методите за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирус.

Тајванската влада особено е незадоволна, бидејќи Тајван, како што велат властите, има со што да помогне со оглед на тоа што во време на избивање на епидемијата, бројот на заболени успеа да го задржи многу мал, со примена на мерки за рано откривање на заразата и контрола.

Според владата во Тајпеј, тоа што Тајван во време на избивање на епидемијата остана исклучен од СЗО значи политичко поигрување со животите на Тајванците.

Кина, една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, го смета Тајван за своја територија и ги спречува неговите обиди да стане членка на светските организации и агенции како независна држава.

Треба да знаете
Последни објави