Search

Тајван: Над 150 виетнамски туристи исчезнале за време на празниците

На Тајван исчезнале 152 виетнамски туристи за време на празниците, а локалните медиуми пренесуваат дека е можно тие да дошле со цел да работат илегално.

Тајванските власти, поради подобрување на туристичките услуги го укинаа наплаќањето на визите за посетителите од некои азиски земји, вклучувајќи го и Виетнам, пишува Би-Би-Си.

Тоа е, како што се верува, најголем број на исчезнати туристи од почетокот на визната програма во 2015 година.

Националната имиграциона агенција соопшти дека формирала работна група поради истрага.

Доколку бидат пронајдени, на туристите им се заканува депортирање и забрана за влез на островот од три до пет години

Треба да знаете
Последни објави