Search

Тајвански авиони ловци пресретнаа кинески авиони

-Министерство за одбрана на Тајван соопшти дека денеска тајвански авиони ловци полетале откако авиони на кинеското воено вздухопловство втор ден по ред навлегуваат во идентификациската зона на тајванската противвоздушна одбрана.

– Дванаесет ловци Ј-16, два ловци Ј-10, два ловци Ј-11, два бомбардера Х-6 и еден протвморнарички авион Ј-8 ја поминаа централната линија на Тајванскиот Теснец и навлегоа во југозападната идентификациска зона на противвоздушната одбрана на Тајван, се наведва во соопштението на тајванското Министерство за одбрана.

За Кина, Тајван е дел од нејзината територија, а воздушниот инцидент предизвика дополнителни тензии помеѓу Пекинг и Тајпеј во момент кога висок американски дипломнат е во посета на Тајван.

Треба да знаете
Последни објави