Search

Тајванскиот суд ја декриминализира прељубата

Врховниот суд на Тајван го поништи повеќедеценискиот закон според кој прељубата се сметаше за кривично дело казниво со затвор.

Судот го поништи членот 239 од Кривичниот законик на Тајван, во кој се вели дека „лицето во брачна заедница кое ќе изврши прељуба со друго лице може да биде осудено на затворска казна до една година“.

Министерството за правда објасни дека законот е прогласен за неважечки бидејќи сериозно ја нарушува личната сексуална слобода и приватноста.

„Сега кога прељубата е декриминализирана, на сила е Граѓанскиот закон за заштита на семејството и бракот“, рече генералниот секретар на Министерството за правда, Лин Хуи-хуанг.

Треба да знаете
Последни објави