Search

Ташевска Ременски: Обвинителството и Судот ќе ценат дали законот ќе важи за лицата што се повикуваат на амнестија

Ташевска Ременски: Обвинителството и Судот ќе ценат дали законот ќе важи за лицата што се повикуваат на амнестија

Потпретседателката на Собранието и копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за интеграција, помирување и реформи Фросина Ташевска Ременски за МИА изјави дека групата ќе се состане следната недела за да го разгледа текстот на законот за амнестија на подгрупата за помирување, да го усвои, да го преточи во формат на предлог-закон и да го предложи на Собранието на РМ, што всушност и и нивиот мандат.
– Важно е што продгрупата и ИППГ за интеграција, помирување и реформи не ја презема улогата на Обвинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството. Целта беше, од една страна, да се постават рамките со опис на дејствијата поврзани со 27 април кои не можат да бидат амнестирани, а од друга страна да се почитува правото и обврската Обвинителството и Судот да ја водат постапката до краен резултат.  Индивидуалниот пристап кон законот на обвинетите за настаните од 27 април е исто така почитуван, односно барањето што до надлежниот орган треба/може да го достави секој од обвинетите за настаните. Во таа постапка Судот и Обвинителството ќе го имаат правото да ценат (врз основа на доказите) дали законот важи за лицето што се повикува на амнестија, и какво решение ќе му издаде. Секако жалбената постапка е гарантирана, потенцира Ташевска Ременски.
Во продолжение во целост го објавуваме разговорот на потпретседателката на Собранието и копретседавач со Интерпартиската парламентарна група за МИА:
Вие сте копретседавач на Интерпартиската парламентарна група за помирување која треба да се состане и да го разгледа предложениот текст од подгрупата. Првичните информации се дека со него нема да бидат опфатени организаторите на настаните од 27 април и лицата што извршиле насилство. Што друго е предвидено да содржи овој текст? 
Како што беше нагласувано многупати досега, една од појдовните точки во разговорите околу настаните од 27 април беше јасната дистинкција околу категориите „подготвувачи и организатори” на упадот во Собранието на 27 април, „лица кои извршиле насилство” и „лица кои се осудени за насилство и обид за убиство”. Сметаме дека овој настан кој внесе, и сеуште внесува поделби и омраза помеѓу граѓаните кои „бранат” страна во настаните и даваат оправдување зошто се случил 27 април, треба да се третира примарно низ призмата на тоа што не може и не смее да се толерира – тоа е насилството, обидот за убиство и организацијата на упадот во Собранието. Секако, примарен принцип останува немешањето во работата на правосудните органи и постапките на оценка на индивидуалната вина за настаните за обвинетите лица од страна на обвинителството и судот. Законското решение што ќе произлезе од оваа согласност околу горенаведените работи во ниту еден случај не смее и нема да ги оневозможи правосудните органи да ја продолжат постапката за целосно расветлување на настаните од 27 април што е многу важно. Важно е што продгупата и ИППГ за интеграција, помирување и реформи не ја презема улогата на Овинителството или Судот за да цени и мери вина, затоа што ниту имаме мандат, ниту пак ги имаме доказите и информациите со кои располага Обвинителството. Целта беше, од една страна, да се постават рамките со опис на дејствијата поврзани со 27 април кои не можат да бидат амнестирани, а од друга страна да се почитува правото и обврската Обвинителството и Судот да ја водат постапката до краен резулатат.  Индивидуалниот пристап кон законот на обвинетите за настаните од 27 април е исто така почитуван, односно барањето што до надлежниот орган треба/може да го достави секој од обвинетите за настаните. Во таа постапка Судот и Обвинителството ќе го имаат правото да ценат (врз основа на доказите) дали законот важи за лицето што се повикува на амнестија, и какво решение ќе му издаде. Секако жалбената постапка е гарантирана.
Дали правдата ќе биде задоволена со едно вакво решение кое треба да значи чекор кон помирување и дали ова не значи предвреме помилување за одредени учесници во настаните од 27 април во Собранието?
Сите чинови на амнестија што ги имала РМ од осамостојувањето до денес, како и примерите што ги имаат други земји, пред се имале политички мотив и тоа е неспорно, имајќи во предвид дека самата амнестија по дефиниција е тоа. Самиот чин на амнестија испраќа порака кон амнестираните и нивната одговорност кон поширокиот интерес на заедницата, а не кон индивидуалниот, а во истовреме испраќа порака и на заедницата за вреднување на настаните и дејствијата за кои има, односно нема амнестија. Важно е да се спомене дека, заради интересот на пошироката заедница, во случај со настаните од 27 април не беа примарни субјективните чувства на жртвите од настаните. Сметаме дека тоа може да биде појдовна точка за следните чекори во процесот на помирување што секако е еден долгоротраен процес што мораме да го продолжиме. Процесот на помирување, нема да заврши со третман само на настаните од 27 април. Овој процес треба да ги опфати сите извори, причини и терени на исполнување на политички мотивираната радикализација на младото население, говорот на омраза кој раѓа насилство и секако меѓуетничките и меѓуверски односи. Ако на овој процес се гледа како помирување на политичарите, а не како процес што ќе ги тргне камењата на сопнување во односите помеѓу граѓаните и нивната  општествена одговорност кон процесите од интерес на стабилноста и почитувањето, тогаш е време сите општествени субјекти да си ја преиспитаат својата улога и одговорност за последиците од настаните кои на крајот повторно ги решаваат политичарите.
Кога ќе се состане Интерпарламентарната група и има ли краен рок до кога би требало да биде донесен законот, имајжи предвид дека помирувањето е условено со гласовите за уставни амандмани? 
Очекувам ИППГ за интеграција, помирување и реформи следната недела да го разгледа текстот на подгрупата за помирување, да го усвои, да го преточи во формат на предлог-закон и да го предложи на Собранието на РМ. Тоа е всушност и нашиот мандат. Претседателот на Собранието има деловничко и законско право да закаже седница на која ќе се разгледува од страна на работните тела и пратениците.
Треба да знаете
Последни објави