Search

Тачи со орден го одликува Џорџ Буш

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, во САД се состана со поранешниот американски претседател, Џорџ Буш и ја искористил приликата да го одликува со „Орден на независноста“ во знак на почитта што Косово ја има кон семејството Буш, пренесе косовската радио телевизија РТК.

„Во Далас се сретнав со големиот пријател на независноста и слободата на Косово, претседателот Џорџ Буш. Во текот на оваа пријателска средба, зборувавме за политичките случувања во Косово и во регионот. Албанците на Косово доживотно ќе имаат почит кон прекрасното семејство Буш“, истакнал Тачи.

Претседателот на Косово додава дека со соговорникот се согласиле оти постигнувањето на конечен договор меѓу Косово и Србија е задолжително со цел да се означи крај на вековниот конфликт, а тоа значи взаемно признавање и членството на Косово во ОН, НАТО и ЕУ.

„Се разбира, постигнувањето на ваков договор не е воопшто лесно, но претседателот Буш ми даде еден корисен совет кој ќе го споделам со вас: ‘Како лидери нема да бидете запаметени по популистички одлуки, туку по тешките но праведни одлуки кои ќе ги донесете за вашиот народ и вашата земја“, вели Тачи.

Српските медиуми потсетуваат дека Косово прогласи независност токму кога Буш беше претседател на САД.

Треба да знаете
Последни објави