Search

Тачи сонува Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјавил дека не постои нацрт-споразум мешу Белград и Приштина и оти верува во американското посредување во дијалогот за изнаоѓање решение меѓу двете страни. Тачи потврдил дека ќе го почитува уставот и дека секој постигнат договор ќе мора да биде верификуван од Собранието на Косово.

Но, Тачи не ги сокрил своите соништа па ги соопштил јавно:

-Сонувам Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат припоени без да биде загрозен територијалниот интегритет на Косово – изјавил Тачи за ТВ Клан и додал: Кој и да зборува за размена на територии тоа го прави за внатрешни потреби, бидејќи за ова прашање никогаш не станало збор, а најмалку во Вашингтон.

 

Треба да знаете
Последни објави