Search

Тачи: Сега е време Косово да стане членка на Обединетите нации

Косовскиот претседател Хашим Тачи по повод денешнјиот Ден на Организацијата на обединетите нации (ООН) порача дека „сега е време Косово да стане членка” на светската организација на народите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку својот Твитер порача дека 75 години по основањето на ООН на човештвото му е потребно единство поради новите предизвиците со кои се соочува.

– Улогата на ООН во градењето на мирот и стабилноста во светот и натаму е значајна. Денес, кога човештвото се соочува со новите предизвици, од суштинско значење е да бидеме обединети во зачувувањето на сигурна иднина за нашите земји. Сега е време Косово да стане членка на Обединетите нации, напиша Тачи. 

Треба да знаете
Последни објави