Search

Тачи побарал позиција во финансовата полиција за да го поддржи Заев да формира Влада

Откако и официјално стартуваше трката за обезбедување парламентарно мнозинство кое ќе овозможи и формирање на новата Влада, во јавноста почнаа да излегуваат неофицијални информации кој што побарал или догворил во првичните контакти за да се стигне до бројката од 61 пратеник. Лидерот на ДПА Мендух Тачи од кандидатот за мандатар Зоран Заев од СДСМ, за да го даде својот глас како поддршка да формира Влада за возврат побарал позиција во Финансиската полиција. Веста ја објави албанскиот портал „Газета Експрес“ кој објаснува дека Тачи сакал да ги истражува трансферите на пари од Иран и Катар.

Инаку, пред изборите лидерот на ДПА ја обвини Алтернатива на Африм Гаши дека се финансира со пари од Блискиот Исток.

Инаку, од СДСМ најавија дека новата влада ќе има помалку министри така што пазарот ќе се сведе и на други нивоа на власта. Неофицијално, од Беса ги побарале министерството за култура, за економија или за локална самоуправа.

Треба да знаете
Последни објави