Search

Тачи: „Нема да дозволиме нова Република Српска во Косово“

Мојата цел не е етничка поделба, ниту создавање нова Република Српска во Косово.

Мојата цел е да се воспостави 400 километри долгата граница со Србија, рече претседателот на Косово, Хашим Тачи, истакнувајќи дека овој процес бара, како што вели тој, креативни решенија, кои ќе обезбедат мир сега и во иднина.

Тој во интервју  изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина се наоѓа во критичен период и нема да дозволи минатото да ја блокира иднината и да го загрози мирот во следните 5 или 50 години.

– Јас зборувам со Вучиќ и подготвен сум да најдеме решение затоа што сакам да го видам Косово во ЕУ и НАТО што е можно побргу. Ќе бидам искрен, не мислам дека можеме да стигнеме таму додека не ја решиме границата. Ние треба да имаме целосно договорена демаркација на границата за да не оставиме некои отворени прашања да станат точка на несогласување во иднина – рече Тачи.

Тој истакна и дека очекува конечниот договор меѓу Белград и Приштина да биде европски договор што ќе го прифатат и Брисел и Вашингтон, како и дека ќе биде финализиран со нова резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Треба да знаете
Последни објави