Search

Тачи: Немав таен состанок со Вучиќ

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека вчера немал таен состанок со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

,,Сум се состанувал со Вучиќ на различни средби на лидери и на церемонии подалеку од камерите, во ходниците и салите во Париз, Ватикан, Виена, Њујорк каде разговаравме отворено за различни случувања во регионот и во Западен Балкан”, рече Тачи во интервју за Радио-телевизија Албанија.

,,Преговорите беа отворени, транспарентни и никако ни по која цена не беа тајни”, наведе Тачи. Тој рече дека веројатно 2019. ќе биде година на историски, мирен, конечен договор меѓу Косово и Србија.

Треба да знаете
Последни објави