Search

Тачи му се заблагодари на Трамп за договорот за авиолинија Приштина – Белград

Косовскиот претседател Хашим Тачи му се заблагодари на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за неговото лидерство и улогата во потпишувањето на писмото за намери за отворање на авиолинија меѓу Приштина и Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пренесувајќи ја објавата на Трамп за значењето на вчерашната спогодба за отворање авиолинија меѓу главните градови на Косово и Србија, Тачи на својата страница на Твитер ја оцени улогата на Трамп во обезбедувањето на мир и стабилност како „незаменлива”.

Американскиот претседател на својот Твитер вчерашниот договор, кој беше потпишан во Амбасадата на САД во Берлин, го оцени како историски и како уште една дипломатска победа, во време кога „сите велеа дека не може да се постигне”.

Треба да знаете
Последни објави