Search

Тачи му го честита на Џонсон изборот за премиер на Велика Британија

Косовскиот претседател Хашим Тачи му го честиташе денеска на лидерот на британските конзервативци Борис Џонсон изборот за нов премиер на Велика Британија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својата страница на Фејсбук, покрај слика со Џонсон, порача дека Велика Британија е стратешки партнер, а пријателството на Косово со таа земја е вечно.

– Борис Џонсон е избран денеска за лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Велика Британија. Во име на косовскиот народ му честитам на мојот пријател Џонсон и на британскиот народ и очекувам продолжување на продлабочувањето на соработката меѓу нашите две земји. Велика Британија е стратешки партнер, а нашето пријателство е вечно, напиша Тачи.

Треба да знаете
Последни објави