Search

Тачи: Можно е годинава да се постигне договор со Белград

Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека е можно годинава да дојде до договор со Белград, но нема планови за укинување на таксите за производите од Србија, кои доведоа до прекин на дијалогот.

Тој за британскиот „Гардијан“ рече дека договорот за нормализирање на односите помеѓу Белград и Приштина и понатаму е можен, и покрај сериозните застои во последните неколку месеци.

„Мораме да седнеме дури и нашите најклучни непријатели, но без никакви предуслови и да се обидеме да се сослушаме едни со други“, изјави Тачи за британскиот весник, во пресрет на конференцијата во Берлин, која ќе се одржи на 29 април.

Претходно, и копретседавачот на преговарачкиот тим на Косово, Фатмир Лимај изјави дека Косово е подготвено во секој момент да го продолжи дијалогот за сеопфатно правно обврзувачки договор за нормализирање на односите со Србија, но дека продолжувањето на разговорите зависи од српската страна.

Треба да знаете
Последни објави