Search

Тачи: Зибери е терорист од 1997 година

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи на предизборна средба со граѓани на Гостивар го нарече терорист Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер.

-Што го поврзува Али Ахмети со Насер Зибери? Југославија и национализмот на Зибер. Тој е терорист од 1997 година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, кога државата убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе. Ова е најсилниот аргумент дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел, доаѓаат од истиот извор, но овие двајца ќе ги разделиме, изјави Тачи.

Тој на трибината изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули.

Треба да знаете
Последни објави