Search

Тачи: Да се следи примерот на Турција за Рамазан Бајрам

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи на денешната партиска прес-конференција истакна дека Македонија за празникот Рамазан Бајрам треба да го следи примерот на Турција. Таму е определено да има четири дена карантин и се препорачува празникот да се помине дома.

-Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји и мора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина , рече Тачи.

Тој истакна дека граѓаните треба да  ги послушаат препораките на здравствените експерти кога станува збор за претстојниот празник и да останат дома.

Треба да знаете
Последни објави