Search

Тачи го поздрави изборот на новата косовска Влада

Претседателот на Косово, Хашим Тачи им честита на пратениците во косовското Собрание за изгласувањето на новата Влада, која ќе ја води Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на Фејсбук, Тачи порача дека очекува исполнување на владината програма и понуди „целосна соработка во заживувањето на националната и меѓународната агенда”.

– Со меѓуинституционална соработка и координација можеме да ја закрепнеме нашата економија и да се движиме со побрзи чекори кон евроатлантската интеграција, јакнејќи го партнерството со САД и со сите пријателски држави, напиша Тачи

Треба да знаете
Последни објави