Search

Тачи ги осуди нападите на сириските и руските сили врз турските единици во Идлиб

 Претседателот на Косово Хашим Тачи ги осуди нападите на сириските и руските сили врз турските единици во Идлиб, во Сирија, во кој загинаа 33 војници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на Твитер синоќа ги повика Сирија и Русија да овозможат пристап на хуманитарната помош во кризниот регион.

– Косово се поставува на страната на своите сојузници во НАТО во осудата на воздушните напади врз турските војници близу Идлиб, од страна на сирискиот режим и од Русија. Ги повикуваме Сирија и Русија да овозможат пристап на хуманитарната помош во областа, напиша Тачи.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика вчера Русија и Сирија да ја запрат офанзивата во Идлиб, порачувајќи дека Алијансата целосно се солидаризира со својата членка Турција, чии 33 војници загинаа при воздушните напади на сириските владини сили.

– Ги повикувам да ја запрат офанзивата, да го почитуваат меѓународното право и да ги поддржат напорите на Обединетите нации за мировно решение, порача Столтенберг.

Треба да знаете
Последни објави