Search

Татко му бил платен убиец, пораснал во сиромаштија, денес не знае што да прави со парите: Неверојатниот живот на славниот актер!

Актерот Вуди Харелсон, кој пред три дена наполни 60 години, пораснал во сиромаштија, бидејќи за него и двајцата браќа се грижела мајката која имала секретарска плата, додека неговиот татко бил во затвор поради убиство.

Неговиот татко Чарлс во ретки моменти бил присутен во неговиот живот, а во 1974-та година бил осуден на доживотна затворска казна.

Имено, Чарлс работел како платен убиец и заработувал огромни суми пари.

„Имав 11 или 12 години кога го слушнав името на татко ми на радио. Тоа беше извештај од судење. Се сеќавам дека помислив: ‘Невозможно е да постојат двајца Чарлс В. Харелсон’. Ми светна – па тоа е татко ми. Бев во шок“, открил во една прилика Вуди.

Родителите на актерот поради шокантниот живот на неговиот татко се развеле кога имал седум години. Добар дел од детството го поминал во сиромаштија, а имало денови кога немал што да јаде.

Вуди еднаш признал дека го посетил татка си во затвор, иако помеѓу нив не постоел никаков однос.

„Родени сме во ист ден. А постои поговорка во Јапонија дека ако имате ист роденден со таткото, не само што сте како него, туку сте и негова реинкарнација. Секогаш ми беше чудно колку всушност наликуваме и колку работи правиме на ист начин“, истакнал Харелсон.

Актерот сакал да му помогне на татка си и пред да почине во 2007-ма година. Потрошил милиони долари за да му овозможи ново судење. Но, не успеал во тоа и неговиот татко починал од срце за време на служењето на затворската казна.

Вуди поради своите изјави за пушење марихуана и други активности во јавноста, оставил впечаток на личност која води распуштен и забавен живот.

Харелсон со сопругата, претприемачката Лора Луис (55), со која се венчал во 2008-ма година, создал дом на Хаваите. Сопружниците ги имаат ќерките Дени (28), Зое (24) и Макани (15), а се запознале уште во 80-те години.

Лора му била лична асистентка на Вуди, во која се заљубил во 1986-та година, после само едногодишниот брак со Ненси Симон.

Ниту во односот со Лора не било сè бајковито.

Имено, Вуди постојано бил во друштво на други жени, иако таа го чекала дома со нивната ќерка Дени. Еднаш признал дека го маѓепсала славата и дека се однесувал несоодветно.

Поради неговите распуштени забави, имал и две куќи. Актерот живеел со Лора во едниот, а во другиот стан правел забави на кои доаѓале холивудски старлети и стриптизети. Вуди често ја изневерувал својата сегашна сопруга, а имал афера и со постарата колешка Глен Клоуз.

Тие двајца се запознале додека таа, Вуди и Лора играле во драмата „Brooklyn Laundry“ во мал театар во Лос Анџелес. Прекинале во 1991-ва година после неколку месеци врска и останале добри пријатели. Во периодот во кој биле заедно, нивниот однос се сведувал на многу секс и уживање во опијати. Актерот одлучил да прекине со Глен, бидејќи сакал помирен живот. Меѓу неговите љубовнички била и Брук Шилдс, која се прославила во филмот „Плава лагуна“.

Сето тоа не ја натерало Лора да го остави. Таа ги чувала нивните ќерки, а тој се забавувал и ја изневерувал со други жени.

„Мислам дека не сум маж кој треба да дели совети. Направив многу грешки, така што мислам дека бев одличен пример што не треба останатите да прават во животот. Се надевам дека тие ќе бидат попаметни од мене“, истакнал Харелсон, кој се венчал со Лора во 2008-ма година после 22 години врска.

Инаку, Вуди е веган и на 24 години сфатил дека поради проблеми со кожата на лицето морал да го промени начинот на исхрана.

Прво се откажал од млечните производи, а потоа преминал на сирови намирници и се откажал од месо, бидејќи не се чувствувал добро додека го јадел. Харелсон е познат и како активист за легализација на марихуана, за која често истакнува дека ја користи. Еднаш рекол дека морал да запали џоинт за да ја издржи вечерата со американскиот претседател Доналд Трамп.

Актерот многумина го паметат и по филмовите „Wildcats“, „Doc Hollywood“ и хитовите „The People vs. Larry Flynt“, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“, „Natural Born Killers“, а трипати бил номиниран за наградата Оскар.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави