Search

(Видео)Татко го фрлил бебето од кровот на зградата за да го спаси од огнената стихија

Голем пожар ноќеска се случил во стамбена зграда во Сараево од каде полицијата и пожарникарите успеале да извлечат и спасат четири лица. Според тамошните медиуми во станот на поткровјето се наоѓале брачна двојка со бебе и една повозрасна жена која останале без свет поради чадот кој го исполнил станот.

Сите се полесно повредени најверојатно бидејќи вдишувале чад, соопштиле од противпожарната служба. Според очевидците додека биле евакуирани луѓето од запалениот стан, таткото на бебето за да го спси своето чедо од огнените пламени јазици го фрлил од кровот кон пожарникарите и полицајците кои го пречекале во растегнато ќебе и му го спасиле животот.

Причините за пожарот не се утврдени, но се претпоставува дека неисправната електрична инсталација ја предизвикала несреќата, од која за среќа нема жртви.

Треба да знаете
Последни објави