Search

Татко брутално ја убил својата ќерка: Ме навреди мене и сопругата – призна дека ја искасапил и деловите ги закопал во блиската шума

Татко брутално ја убил својата ќерка: Ме навреди мене и сопругата – призна дека ја искасапил и деловите ги закопал во блиската шума

Ќебап-мајстор ја задавил и на парчиња ја исекол својата преубава ќерка, танчерка на стомачни танци, со еден од огромните ножеви кои ги употребува во работата.

Хасан Услу од градот Кесан во Турција е уапасен под сомнение дека својата ќерка Дидем (32) ја убил, а потоа деловите од нејзиното тело ги закопал во блиската шума.

Хасан, кој инаку прави ќебапи, наводно младата танчерка ја усмртил по бурната кавга, во текот на која, како што рекол во полиција, „Дидем го навредила него и неговата жена“.

Тој прво за задавил, по што нејзиното тело го исекол на парчиња, користејќи еден од своите огромни ножеви.

Ги ставил деловит еод телото во замрзнувач, а подоцна во ранец ги носел во шума и тука ги закопувал. Кога бил готов, фрижидерот го продал во продавница за половна опрема.

Страотното злосторство е откриено откако е пронајдена раката на танчерката, завиткана во весник.

Полицијата со помош на куче трагач ги пронашла и другите делови од телото, исечени многу прецизно и со едно движење.

Нејзиниот татко потоа е уапсен, но и мајката и помладата сестра, иако сестрата набрзо била пуштена. Хасан се признал и на полицијата и ги покажал локациите каде што ги закопал деловите од телото на својата ќерка.

Треба да знаете
Последни објави