Search

Таткото на Саздо: Болката на мојот син никој психијатар на светот не може да оцени колкава била

Насер Рауфи и Асмир Алиспахиќ, адвокатите на обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири, ја спорат лиценцата на вештакот од Институтот за судска медицина со тврдење дека не е вештак-психијатар и побара во случајот да биде ангажиран психијатар бидеќи се работи за најкурционалното прашање, а тоа е делот за свирепоста и за да се утврдат страдањата кај починатиот.
На предлогот на одбраната приговараше Јавниот обвинител и адвокатот на семејството Саздовски, Ванчо Шехтнски, кој кажа дека мислењето е изготвено врз основа на обдукцијата, реконструкцијата и искуството на вештакот.
Претходно Судот го одби предлогот на Рауфи да се дозволи второ мислење од Институтот за судска медицина и одлучи дополнително да биде сослушан вештакот, односно да објасни дали имало страдање заради краткиот временски интервал.
Рауфи го праша дали од нанесувањето на повредите па до паѓање во бесзонание е краток временски интревал, односно дали повредите предизвикале тешки маки, болки и страдања или дали воопшто имало страдања. Вештакот рече дека и на почетокот на своето излагање го објаснил страдањето на оштетниот кое е краткотрајно.
-Станува збор за два вида страдање. Првиот е примарен страв за своето здравје со оглед на тоа дека станува збор за динамичен страв и овој страв траел од забележувањето на лицата се до губењето на свеста и тоа е психичко страдање. Физичкото страдање се претпените болки од здобиените повреди кои детално ги елаборирав во целата постапка и ова страдање траело во многу краток временски интервал, а тоа е од времето од задобивањето на повредите се до губењето на свеста. За целиот тој настан сега покојниот имал примарен страв кој траел минута две колку што се одвивал настанот, а физичкото страдање е од моментот на задобивање на повредите до губењето на свеста која што би можело да биде пола минута до минута. Значи станува збор за два различни типа на страдање, објасни вештакот.
Рауфи го праша дали гледа измачување и свирепост во дејствијата, на што одбраната на обвинението приговараше бидејќи вештакот не е правник да дава такви толкувања, но Судот го дозволи прашањето. Вештакот кажа дека самиот збор свирепост е правна терминологија и дека нема да го коментира.
-Во делот дали се најдени знаци на измачување, ако се алудира на психичко малтретирање, долготрајна физичка болка, насилна жед, труење, тоа кај сега покојниот не е констатирано, рече вештакот.
На прашањата на Рауфи приговараше адвокатот Шехтански, за тоа да се земе во предвид дека родителите на починатиот се во судница, на што Рауфи бурно реагираше и му рече на Шехтански дека не е во партија, на што дојде до гласна расправија меѓу нив двајца, а судијката ги предупреди дека ќе ги казни. Судот дозволи да се продолжи со одговорањето на вештакот.
Вештакот рече дека со самиот начин на нанесување на повредите и нивната локација логично е дека сторителите сакале да му нанесат штета на покојникот што од судски аспект би ги нарекол нанесување на повреди со тешка последица, кои довеле до смртен исход и тие повреди довеле до психичко и физичко страдање на покојникот.
Судијката побара појаснување дали ударите во краток временски период донесуваат до зголемен степен на страдања.
– Секој еден удар со појак интензитет доведува до ошетување и дразнење на нервно васкуларните структури и го зголемуваат чувството на болка. Тука ги земаме во предвид трите повреди во главата и повредата во левата слабина кои што може да настанат и со повеќе удари во конкретните регии. Иако станува збор за краток временски период секој удар предизвикал болка на различна локација. Во левата слабина станува збор за длабок хематом кој предизвикал краварење во пределот на левиот бубрег. Секој удар преставува удар сам за себе, кажа вештакот.
На расправата реагираше и таткото на Саздовски, кој кусо прокоментира.
-Болката на мојот син никој психијатар на светот не може да оцени колкава била. Ако одбраната смета дека некој може да карактеризора колкава била болката нека повели, но тоа би било небулозно, кажа таткото.
Даниела Вељановска
Треба да знаете
Последни објави