Како што објави Калчомеркато, Жорге Меси, таткото на Лео Меси е во Милано. Е сега дали на одмор или на преговори со раководството на Интер, само тој и челниците на „неро – аѕузрите“ знаат. Ова е само уште еден момент дека евентуалниот спектакуларен трансфер на Аргентинецот во Интер и не е таква фикција каква што се претпоставуваше. Пред неколку дена се појавија шпекулации дека кинеските газди на гигантот од Милано со буџет од 260 милиони евра ќе се обидат да го “натераат“ Лео да дојде во Серија А.