Search

Таткото на Борис Џонсон прекрши мерка воведена од неговиот син

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон, Стенли (79), ја прекршил мерката што ја воведе неговиот син и отпатувал низ Бугарија до неговата вила во Пелио, Грција.

Тој патувал и покрај препораката на форин офисот британските граѓани да не патуваат во странство доколку не треба, а неговото патување во Грција покажува дека е можно да се стигне до посакуваната дестинација преку трета земја и да се заобиколат правилата за спречување на коронавирусот, пишуваат грчките портали.

Таткото на британскиот премиер и поранешен член на Европскиот парламент пристигнал во Грција преку Софија затоа што грчките власти забранија директни летови од Велика Британија до средината на јули.

Тој веста дека е во Грција ја објави на својот инстаграм-профил.

Додаде декa иако Грција ги забранила пристигнувањата од Велика Британија, сепак Грците се многу среќни што го гледаат.

Треба да знаете
Последни објави