Search

Таткото на Аке почина непосредно по неговиот гол првенец во Лигата на шампиони

Фудбалерот на англискиот првак Манчестер сити, Натан Аке сподели денеска со јавноста дека неговиот татко починал во средата само неколку минути откако 26 – годишниот фудбалер го постигна својот прв гол во кариерата во Лигата на шампиони.

– По тежок период вчера го постигнав својот прв гол во Лигата на шампиони, а само неколку минути подоцна мојот многу тешко болен татко почина мирно, во присуство на мојата мајка и мојот брат. Можеби така требало да биде, секогаш беше горд и среќен кога ме гледаше како играм, објави Аке на социјалните мрежи.

Холандскиот напаѓач кариерата ја почна во Челзи, а во редовите на Манчестер сити дојде на почетокот на оваа сезона од Бурнмут.

За холандската репрезентација Аке досега одигра 22 натпревари и постигна два гола.

Треба да знаете
Последни објави