Search

Тасев: Вчера вечер е обиен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

СДСМ се уплашени. Заев и Пендаровски знаат дека губат, соочени со неминовниот изборен пораз ја покажаа целата своја нервоза. Вчера во доцните вечерни часови е обиен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци- вели Филип Тасев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Насилниците причиниле материјална штета и изнеле партиска документација. Тоа сосема јасно укажува на мотивите на сторителот, чија цел биле партиските информации.

Заев, Пендаровски и Спасовски се прочитани од граѓаните. Ниту еден обид за заплашување не поминува. ВМРО-ДПМНЕ уредно го пријави случајот во МВР и екипи на полицијата извршија увид. Ова е трет вандалски чин врз имотот на партијата во градот за период од 7 месеци. За претходните два нема завршница, истото го очекуваме и за овој. Јасно им порачуваме на сторители, кои се охрабрени од моменталната власт. Одговорност ќе има. Дури и сега да се спасите, со доаѓањето на правната држава и владеењето на правото во Република Македонија одговорност за секој прекршок и криминално дело ќе има. Без разлика кој и да е сторителот.

Заплашувањата се знак на немоќ, знак дека го СДСМ го губи тлото под нозете. Но залудни се сите обиди да се заплашат граѓаните. Граѓаните јасно застанаа зад ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова.  ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Напротив ќе продолжиме уште појако, ќе допреме до секој еден граѓанин, ќе му ги предочиме штетните политики на оваа Влада и ќе ја презентираме нашата визија за Република Македонија. 21 април и 5-ти мај се почетокот на крајот на оваа неуспешна приказна за Македонија. На чело со Гордана Сиљановска Давкова како Претседател на Република Македонија ќе почне падот на СДСМ- вели Тасев.

Треба да знаете
Последни објави