Search

Тасевски уште четири години ќе биде на чело на БЈБ

На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен, напиша на својот фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата.
Му посакувам на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и до сега, со успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција, се вели во објавата Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави