Search

Тасевски е разочаран од однесувањето на македонските навивачи

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Дарко Тасевски кој живее во Софија каде настапува за тамошната Славија го осуди однесувањето на навивачите кои дојдоа на трибините на стадиониот  „Тодор Проески“ во Скопје да го проследат мечот од поседното шето коло во групоата од Лигата на нации мешу Македонија и Бугарија. Селекцијата на источниот сосед по четиригодишна апстиненција забележа гостинска победа (1:0), а тамошните медиуми се занимаваат со однесувањето на македонските навивачи кои ја исвиркаа бугарската химна.

-Бев на мечот во Скопје како и на првата средба меѓу двете селекции во Разград. За мене беше големо разочарување, жалам за тоа што се случи. Ова не е став и мислење на мнозинството во Македонија. Во Разград немаше таков однос кон македонската химна. Се беше нормално и засновано на почит на спортски настан, како што е натпреварот кој потоа заврши 1:1. Го осудувам тоа што се случи во Скопје. Ги познавам момците од двата тима и сигурен сум дека не го прифаќаат тоа што се случи на натпреварот. Сигурен сум дека ако наскоро има уште еден ваков натпревар на репрезентативно или клупско ниво, ова нема да се повтори како став. Наместо да ги подобруваме нашите односи како соседни земји, ние ги влошуваме со ваквите постапки на поединци. Тоа е жално. Разговарав со луѓе од македонската фудбалска федерација кои ми признаа дека се разочарани од однесувањето на навивачите при изведувањето на бугарската химна, изјави Тасевски за „Дспорт“.

Треба да знаете
Последни објави