Search

Таргет-Тврдина: УБК прислушувал од поранешниот Аероклуб и од „функционерската зграда“

До системот за прислушување во УБК, „Најс“, можело да се пристапува од неколку локации надвор од кругот на МВР, раскажа инженерот Сашо Трајковски, вработен во УБК, на денешното судско рочиште за „Таргет-Тврдина“ во Кривичниот суд.

Тој рече дека за стариот систем „Веринт“ може да тврди дека пристап надвор од МВР немало, освен еднаш во 2007 година кога се пристапило за време на конференција на НАТО во Охрид.

-По насоки на началникот Горан Грујевски, во поранешниот Аероклуб спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје беше инсталиран систем за прислушување, поврзан со „најс“ системот во Петтата управа на МВР. Кај базенот Аеродром беа инсталирани компјутери кои служеа за маркирање телефонски броеви. Во текот на 2016 година кога бев префрлен со канцеларија кај аеродромот во Петровец разбрав од колега дека имало стан во „функционерската зграда“до Железничката станица од каде се пристапувало. Наводно кога колеги од МВР кои доаѓале таму го зафаќале паркингот па станарите се бунеле.Поврзувањето на оптичките кабли го вршеа оператори од Телеком, сведочи Трајковски.

Според него, имало и план наводно да се пристспува до системот за следење и од објект во Пештани, некогашната полициска станица, но не знам дали тоа се реализирало, рече сведокот.

Треба да знаете
Последни објави