Search

Тарантино првпат стана татко на 57 години

Режисерот и холивудски актер, Квентин Тарантино првпат стана татко на 57 години. Неговата сопруга, Даниела, на свет донесе момче.

Како што пишува „Џерусалим Пост“, дваесет години помладата избраничка на Тарантино, се породила во Тел Авив. Даниела е ќерка на познати израелски пејач и текстописец.

„Даниела и Тарантино се среќни што можат да ја објават убавата вест за раѓањето на нивното прво дете“ изјави менаџерката за ТМЗ.

Брачната двојка се венчаше пред 2 години на церемонија, на која присуствуваа големи имиња од Холивуд. Тарантино своевремено изјави дека кога снима филмови не прави ништо друго.

„Се е во филмот, немам жена, немам дете. Ништо не ми пречи. Целиот свет може да замине во пеколот и да изгори во пламен. Не ме интересира. Овој е мој живот. Тоа е Монт Еверест. Ако се качувате на него, не правите ништо друго“ рекол Тарантино.

Но, очигледно времињата се менуваат.

Треба да знаете
Последни објави