Search

Таравари: Победувам во прв круг со 3.000 гласа разлика

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата Алијанса/Алтернатива, Арбен Таравари објави дека остварил победа со 3.000 гласови разлика уште во првиот круг над својот опонент Невзат Бејта.

-Со 55% од гласовите од 16.000 гласови или изброени 100% од записниците поминавме во прв круг. Се надевам дека ДУИ нема во ОИК да направи ујдурма. Инаку победуваме со 3000 гласови разлика, иако целиот државен апарат беше во Гоствар со автомобили, закани, купување гласови, но народот е најсилен и тој одлучува. Им честитам на граѓаните кои излегоа и ги казнија каматашите, мафијашите. Овој пат народот во Гостивар ги победи бандите во гостиварско. Имаше тотална поддршка и од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ но ние победивме кај сите етникуми во градот. Од утре продолжуваме со проектите, порача Таравари.

Треба да знаете
Последни објави