Search

Таневски од морални причини замина од тренерската клупа кај Македонија ЃП

„Како тренер и спортска личност каква ме познаваат луѓето поврзани со фудбалот чувствувам морална одговорност за според мене не прифатливата моментална ситуација во која се наоѓа Македонија ЃП, таа не се совпаѓа со моите лични и амбициите на клубот. Поднесов неотповиклива оставка, напиша Александар Таневски, тренереот на Македонија ЃП по натпреаврот од 14. прволигашко фудбалско коло и додава:

-Работев, посветено, искрено и чесно, секогаш подготвен за одговорност за сопствените дела. Сакам да се заблагодарам за довербата и условите за работа кои ми беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресврт кон нови успеси кои клуб како Македонија ЃП ги заслужува, пишува Таневски на социјалната мрежа Фејсбук, како образложение за својата одлука да си замине од клупа на тимот од Ѓорче Петров.

Амбициозниот стретег Александар Таневски се одлучи на ваков чекор ,по ремито со Борец во Велес (1:1). Сезонава Македонија ЃП не ги постигнува посакуваните резултати. Таневски ја предводеше екипата од „Ѓорче Петров“ во изминатите две сезони,  а под негово водство екипата избори и настап во квалификациите од Лига Европа.

 

Треба да знаете
Последни објави