Search

Тамара се пласираше во финалето на Евровизија

Македонскиот претставник на Евросонг, Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на пезна на Евровизија. Освен Македонија, во сабота во финалето ќе настапат и Албанија, Шведска, Холандија, Азербејџан, Русија, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта. Без пласман во финалето останаа Ерменија, Ирска, Молдавија,  Летонија, Романија, , Австрија, Хрватска и Литванија,

На првата полуфинална вечер која се одржа во Тел Авив во конкуренција на 17 држави најмногу гласови од публиката добија Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Не се пласираа Црна Гора, Финска, Полска, Унгарија Белгија, Грузија и Португалија.

Според обложувачниците, најголеми фаворити за освојување на првото место се Холандија, Русија, Швајцарија и Италија.

Треба да знаете
Последни објави