Search

Талибанците подготвени за продолжување на мировните преговори со САД во Доха

Талибанците денеска порачаа дека се подготвени да ги продолжат прекинатите мировни преговори со САД, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ненајевно ги посети американските единици во Аваганистан и порача дека верува дека радикалната исламистичка група ќе се согласи на примирје.

Посетата на Трамп на Авганистан за американскиот Ден на благодарноста, прва откако стана претседател, се случи една недела по размената на талибанските и американските заробеници.

-Талибанците сакаат да постигнат договор и ќе се сретнеме со нив, рече Трамп вчера пред новинарите во Авганистан.

„Кажавме дека мора да дојде до примирје, а тие не го сакаа, па сега верувам дека го сакаат. Тоа веројатно и ќе се случи”, рече Трамп.

Лидерите на талибанците за британските медиуми изјавија дека нивни претставници од минатиот викенд оддржуват средби со високорангирани американски претставници во Доха, додавајќи дека наскоро може да почнат и формалните мировни преговори.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, денеска изјави дека талибанците „се подготвени повторно да почнат разговори”, кои претходно годинава ги прекина Трамп, по нивниот смртоносен напад во Кабул.

Треба да знаете
Последни објави