Search

Талибанците го забранија емитувањето на „Гласот на Америка” и „Радио Слободна Европа” во Авганистан

Радиото „Гласот на Америка” објави дека од денеска талибанците забрануваат емитување на две радио станици финансирани од американската Влада во Авганистан – „Гласот на Америка” и „Радио Слободна Европа”.

„Гласот на Америка” објави дека талибанските власти ги навеле „поплаките што ги добиле за програмска содржина”, без да образложат за случајот.

„Гласот на Америка” и „Радио Слободна Европа” се финансирани од американската Влада и покрај нивните тврдења за уредувачка независност. Талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот август додека силите на САД и НАТО го завршуваа своето повлекување од земјата по 20 години војна.

И покрај првичното ветување за поумерено владеење, талибанците ги ограничија правата и слободите и спроведоа строго толкување на исламскиот верски закон, шеријатот.

– Авганистан има закони за печатот и секоја мрежа за која ќе се утврди дека „постојано ги прекршува” тие закони нема да може да работи во земјата. „Гласот на Америка” и радиото „Азади” на РСЕ не се придржуваа до тие закони, беше откриено дека повторно ги прекршуваат, не покажаа професионализам и затоа се забранети, рече портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Групата за поддршка на новинарите „Репортери без граници” неодамна соопшти дека Авганистан изгубил 40 отсто од своите медиуми и 60 отсто од своите новинари откако Талибанците дојдоа на власт.

Треба да знаете
Последни објави