Search

Талибанците воведуваат програма „храна за работа” за невработените

– Талибанската власт во Авганистан од денеска почнуваат програма за борба против гладта, нудејќи им на илјадници луѓе пченица во замена за работна сила.

– Програмата ќе биде спроведена во поголемите авганистански градови и со неа ќе можат да се вработат 40.000 луѓе само во главниот град Кабул, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид на прес-конференција.

– Ова е важен чекор во борбата против невработеноста, истакна Муџахид, додавајќи дека работниците ќе мора „да работат напорно”.

Авганистан, кој веќе страда од сиромаштија, суша, прекин на електричната енергија и неуспешен економски систем, сега се соочува со почетокот на сурова зима.

Според талибанската програма „храна за работа”, работниците нема да бидат платени, а таа е наменета за оние кои моментно се невработени и најмногу се изложени на ризик од глад во текот на зимата.

Како дел од двомесечната програма, 11.600 тони пченица ќе бидат разделени во главниот град, а околу 55.000 тони ќе бидат дистрибуирани во другите делови на земјата, вклучувајќи ги Херат, Џалалабад, Кандахар, Мазар-и-Шариф и Пол-и-Хомри.

Треба да знаете
Последни објави