Search

Талибанците бараат одмрзнување на финансиите во странство

Делегација на талибанското движење побара во преговорите со Соединетите Американски Држави во Доха да се одмрзнат средствата на земјата што се во странство, објави авганистанското Министерство за надворешни работи.

Американската делегација и претставници на талибанското движење се состанаа во Доха, објавија медиумите во светот.
На разговорите, според нивните извештаи не присуствувал специјален претставник на американската администрација, Залмај Халилзад.

Овој состанок е прв контакт на високо ниво меѓу САД и Талибанците по повлекувањето на американските сили од Авганистан. Извори за светските агенции во редовите на Талибанците изјавиле претходно дека главни теми на преговорите на состанокот ќе бидат санкциите, обновувањето на работата на американската амбасада и формирање инклузивна влада.

Талибанците се надеваат дека ќе отворат нова страница во односите со Америка, што би значело, како што рече министерот за надворешни работи во авганистанската влада, Амир Кан Мотаки, Америка да не го нарушува воздушниот простор на земјата и да не се меша во нејзините внатрешни работи.

„Делегацијата на авганистанската влада разговараше со претставниците на САД во Катар за отворање на ново поглавје во односите, обезбедување хуманитарна помош за Авганистан и спроведување на мировниот договор постигнат во Доха“, рече Мотаки.

Преговорите, додаде тој, ќе траат до крајот на денот и ќе продолжат утре.

Претходно денеска, еден од претставниците на авганистанската делегација рече дека тема на разговор нема да биде соработката со САД во спречувањето на ДАЕШ (терористичка организација забранета во Русија). Како што наведе, Авганистан е способен сам да се бори против оваа терористичка организација.
Американската делегација, од своја страна, вети дека ќе даде вакцини против коронавирусот во Авганистан, пренесуваат агенциите.

Треба да знаете
Последни објави