Search

Талат од Преспав: Мојот психотерапевт воедно и сервисер за „голфот“ вели дека треба да се дистанцирам од Талат

Дритон Вејсели или познат како Талат од популарната серија Преспав за 24 инфо вели дека креативно го поминува времет во изолација. Во моментов помага во слаткарницата „Малага„ во Скопје и планира да ја направи ресторан за брза храна. Работи на нови рецепти и се опоравува од воспаление на мускулите од последното видео со вежби во самоизолација.

Како Дритон го поминува слободното време и како му поминува денот во изолација?

Овој период го поминувам креативно во создавање на нови рецепти и експериментирање со храната. Се спремам за новиот предизвик во мојот живот кој е преродување на Малага во ресторан за брза храна.

 На што работите во моментов?

-Во моментов работам на себе и на поубаво секојдневие.

Да очекуваме ли нови вежби додека сме во излолација или следи друго изненадување?

-Сѐ уште ми се воспалени мускулите, но човек не треба да губи надеж, а килограми да.

Колку Талат е навлезен во животот на Дритон?

-Мојот психотерапевт воедно и сервисер за голфот вели дека треба да се дистанцирам од Талат и да сменам ламела.

https://youtu.be/bZiTz6Q-UQ4

Помагате ли во семејната слаткарница Малага во Скопје?

-Помагам, да. Посебно во овој период на голема промена од класика во модерна класика за да го зачуваме духот кој ги спојува луѓето веќе пет децении.

 Да очекуваме ли нова сезона од Преспав?

-Не знаем ја тоа, не су одавде.

Кој е Дритон Вејсели приватно, има ли девојка, хоби миеник…?

Приватниот живот сакам да остане приватен затоа што сметам дека што помалку се знае за мене толку полесно ќе ми биде да ја убедувам публиката дека сум ликовите кои ги толкувам.

Освен во Преспав на што друго работите во моментов?

Читај одговор број 2.

https://youtu.be/X4H-fi-KioM

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави