Search

Тажен крај на потрагата во бунарот- извлечено мртвото тело на двегодишното дете во Шпанија

Спасителите во Шпанија го пронајдоа телото на двегодишното дете кое падна во бунар кај местот Тоталан во близина на Малага, објавија агенциите. Малиот Јулен пропадна во длабокиот и тесен бунар на 13 јануари. Специјални тимови изминативе две недели се обидуваа да го извлечат телото на детето, а родителоте се надеваа дека тоа ќе биде пронајднео живо.

Специјални тимови работеа деноноќно во тунелот кој беше ископан паралелно со тесниот бунар во кој падна детето, додека си играло на село, каде било за викенд со неговите родители. Неговото тело е пронајдено по полноќ кога спасувачките екипи допреле длабоко во бунарот каде се наоѓал малиот Јулен.

Ископаниот бунар бил широк само 25 сантиметри. Работниците иако требале да го затворат, го оставиле незаштитен по градежните зафати. Такви дупки се отвараат во потрага по вода или нафта.

Спасителите претходно пронајдоа коса од детето меѓу остатоците од кал кои беа издадени од бунарот, која беше споредувана до ДНК примероци од шишето од кое пиело детето, за да се потврди неговиот идентитет. Иако родителите се надеваа на чудо, прогнозите не беа добри. Детето за сето време на спасувачката акција не давало знаци дека е живо.

Родителите веќе доживеале семејна трагедија, кога пред неколку години го изгубиле и првото дете. Нивниот син Оливер починал на тригодишна возраст ненадејно, поради проблеми со срцето.

Треба да знаете
Последни објави